7.939 ДЕМОНСТРАНТИ ПРИВЕДЕНИ, НАД 160 УБИЕНИ ВО КАЗАХСТАН „Заговор на странски деструктивни сили“

Мислам дека имаше некаков заговор во кој беа вклучени домашни и одредени странски деструктивни сили, изјави државниот секретар Јерлан Карин за државната телевизија денеска, без да именува осомничени.

328

Казахстанските безбедносни сили досега приведоа 7.939 лица во врска со минатонеделните немири, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи.

– Мислам дека имаше некаков заговор во кој беа вклучени домашни и одредени странски деструктивни сили – изјави државниот секретар Јерлан Карин за државната телевизија денеска, без да именува осомничени.






Минатата недела централноазиската држава ја доживеа најсериозната криза од распадот на Советскиот Сојуз. Владини згради беа нападнати или запалени во неколку градови, откако првично мирните протести поради поскапувањето на горивото прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Фото: EPA-EFE/STR

Казахстанските власти соопштија дека за насилствата се одговорни „екстремистички“ и „терористички“ елементи, од кои некои се странци. Советот за национална безбедност на Казахстан денеска соопшти дека ситуацијата во поранешната советска република е стабилизирана и дека терористичките групи се неутрализирани.

Државните медиуми објавија дека 164 луѓе биле убиени за време на судирите, цитирајќи владина објава на социјалните мрежи. Но, здравствените и полициските власти не ја потврдија бројката и објавата на социјалните мрежи потоа беше избришана.

Поврзани содржини