7.935 БОЛНИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ГО ДАДОА СВОЈОТ ГЛАС НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Во затворите гласаa 1.400 лица
Во установите за вонсемејна грижа до 18.30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи. Од вкупно 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18.30 часот гласале 1.400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).
Во установите за вонсемејна грижа до 18.30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи.
– Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, се наведува во соопштението.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица не се објавуваат денеска посебно.
– Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денес. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19: 00 часот, за секое избирачко место и секоја општина, стои во соопштението од ДИК.