69-ГОДИШEН ТЕТОВЕЦ ГО ИСТЕПАЛ СВОЈОТ 90-ГОДИШЕН ТАТКО Насилникот е уапсен
С.А. бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко.
Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го уапсиле 69-годишниот тетовец С.А.. Тој, претходно бил пријавен дека се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот деведесетгодишен татко.
Задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.