68-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ИЗМАМЕН ОД ЛАЖНА БРОКЕРКА Платил речиси 50.000 денари за „осигурување“

Измамата траела повеќе од една година, за време на која жената идентификувана како Т.П.Н. му понудила на оштетениот скопјанец полиси за осигурување за имот во Скопје и во Дојран, претставувајќи се како брокерка. Оштетениот ѝ уплатил речиси 34.000 денари на сметка и 15.000 во готово, но откако не ги добил полисите, сфатил дека бил измамен.

510

Скопјанец на возраст од 68 години пријавил во полиција дека бил измамен за вкупна сума од 48.875 денари од женско лице кое лажно се претставило како осигурителен брокер.

Како што информираа од МВР, случајот бил пријавен на 16 јули 2025 година во 12:40 часот во СВР Скопје.






Според пријавата, измамата се случувала во подолг временски период – од 23 март 2023 до 16 април 2024 година. Жената, идентификувана со иницијали Т.П.Н., му понудила на оштетениот „полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и во Дојран“. Се претставила како вработена во правен субјект и, како што се наведува, му влеала доверба дека станува збор за легитимна осигурителна услуга.

Оштетениот уплатил 33.875 денари на трансакциска сметка, а дополнително ѝ предал уште 15.000 денари во готово. По подолг период чекање, кога не ги добил договорените полиси за осигурување, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини