Жител на гостиварско село, на возраст од 67 години, вчера, искористувајќи го претходното познанство со детето кое било помало од 14 години, го повикал во простории на старо училиште, каде извршил полов напад врз него.
Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против кумановецот за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.