658 пакети со храна за жртвите на семејно насилство

Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство, за кои во месеците мај и јуни се обезбедени пакети со храна.

199

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од ковид-19.

Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство, за кои во месеците мај и јуни се обезбедени пакети со храна.






Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

– Во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапуваме кон поддршката и помошта на најранливите граѓани на нашата држава. Сериозните закани од ковид-19 бараат континуиран одговор за да ги пресретнеме потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнеме полесно да се справат со сите предизвици – велат од Министерството за труд и социјална политика.

Поврзани содржини