„ИМАМ РАК“ Познатиот 32-годишен јутјубер ги шокираше обожавателите со објавата

Јутјуберот Тајлер Блевинс (32), попознат како Нинџа, кој има 23 милиони следбеници на својот канал на Јутјуб, откри дека има рак.

584

Јутјуберот Тајлер Блевинс (32), попознат како Нинџа, кој има 23 милиони следбеници на својот канал на Јутјуб, откри дека има рак. Тоа е меланом, односно рак на кожата. Тајлер на социјалните мрежи објасни дека лекарите се оптимисти бидејќи ракот е рано откриен.

 






– Сè уште сум во мал шок, но сакам да ве информирам. Пред неколку недели отидов на дерматолог за мојот годишен преглед на кожата/бенките. На дното на моето стапало имаше бенка што сакаа да ја отстранат само како мерка на претпазливост. Се покажа дека е меланом, но тие се оптимисти бидејќи го фативме во рана фаза – рекол Тајлер, кој потоа предупредил за важноста од превентивните прегледи.

– Блиску до тоа се појавила уште една темна дамка, па денеска направија биопсија и отстранија поголема површина околу меланомот со надеж дека под микроскоп ќе видат јасни немеланомски рабови. Благодарен сум што имам надеж дека е рано откриено, но ве молам, земете го ова како потсетник за да одите на прегледи – додал Јутјуберот, а во коментарите се огласила неговата сопруга Џесика Блевинс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyler “Ninja” Blevins (@ninja)


„Веројатно немаше да почнам да закажувам годишни прегледи на кожата ако не се преселевме на Флорида. Меланомот на стапалата не е поврзан со сонцето, така што тој сепак би бил таму и можеби немаше да го најдеме. Тука сум да бидам силна за тебе“, му напишала сопругата.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини