651 ПРЕКРШОК ВЧЕРА СНИМЕН ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ На црвено поминале 50 возила, пребрзо возеле 585 возачи
Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесат за безбеден сообраќај во целата земја.
651 прекршок е регистриран вчера (02.02.2026) преку системот „Безбеден град“, соопшти МВР.
За минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за безбеден сообраќај на територијата на целата земја – велат од МВР.