65 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО СКОПСКИТЕ ГРАДИНКИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ Шахпаска бара да се вакцинираат сите

Министерката за труд и социјалнна заштита од директорите на градинките бара да се почитуваат протоколите за да се заштити здравјето на најмалите.

178

Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 отсто. Оваа информација ја добивме од Министерството за здравство, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Таа апелираше вработените во градинките коишто досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да го сторат тоа.






– Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата – рече Шахпаска. ​

Според неа, вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на ковид–19, бидејќи само така може да го заштититат на најмладата популација.

Министерката посочи дека наскоро ќе одржи состанок преку апликацијата Зум и со другите директори од детските градинки низ државата.

Поврзани содржини