65 МИЛИОНИ ЕВРА НЕ СЕ САМО ЗА НАБАВКА НА СТРУЈА Битиќи појасни дека со тие пари се финансираат 3 мерки

Според вицепремиерот со дел од парите се купува јаглен, со вториот струја , а со третиот се инвестира во ЕЛЕМ Трејд за помош со струја на компаниите.

327

Будно ја следиме состојбата со електрична енергија и ценовните шокови и ако има потреба со финансиски средства ќе интервенираат изјави денеска визепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Имаме предвидено средства во буџетот, и тоа ќе го направиме, затоа што сметаме дека само така знаеме кога на граѓаните и на стопанството им е потребна помош од страна на Владата – рече Битиќи.






Тој соопшти дека се планирани три различни мерки  кои ќе се се финансираат со 65 милиони евра.

– Мислам дека во јавноста се даде една погрешна информација, 65 милиони евра се поделени во три различни мерки. Една од мерките е набавката на јаглен, затоа што само набавката на дополнителните количини а јаглен ќе ни овозможи дополнително производство на електрична енергија, која е далеку поевтина од таа која што можеме да ја набавиме на берзата. Само за споредба, сегашната цена на производство на јаглен е за четири пати пониска од што можеме да ја набавиме на берзата и затоа ние се стремиме на набавка на јаглен, на отворање нови количини на јаглен од нашите извори иако се со слаб капацитет – рече Битиќи.

Другите мерки, дополни, се за да оперираме. Во моментот се случува снабдувачите не електрична енергија за стопанството, но и за јавните институции ги раскинуваат договорите и таму ние сакаме да го вклучиме државниот капацитет, т.е. ЕЛЕМ Трејд, кој во суштина ќе набавува струја со подобра цена од другите набавуваат.

-Направивме еден сет на мерки и тој чини 65 милиони евра кои што сметаме наредните шест месеци ќе направи да осигураме дека ниту домаќинствата, ниту стопанството треба да се грижи за нивната иднина и околу енергетската криза – порача Битиќи.

Поврзани содржини