65-ГОДИШЕН АВСТРАЛИЕЦ НАСТРАДА НА МЕЧКИН КАМЕН Паднал и се повредил додека летал со змај
Австралиецот учествувал на Светското првенство во змајарство што се одржува во Крушево.
На Светското првенство во змајарство што се одржува во Крушево, вчера во текот на натпреварите, тешко повреден е Г.Х., 65-годишен натпреварувач од Австралија. Тој паднал на Мечкин Камен додека летал со летало змај и се здобил со повреди.
Повредениот натпреварувач бил пренесен во болницата во Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди – информираат од МВР.