65.554 земјоделци побараа субвенции

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството.

163

До последниот ден за пријавување на земјоделците (31 јули) барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65.554 земјоделци, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оттаму оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството.






–  Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел земјоделци кои не знаеја сами да аплицираат, и оваа година, како и минатите, побараа помош од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно препораките за превенција од ковид=19 и почитување на протоколите, сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство, поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството – вели директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

 

 

 

Поврзани содржини