641 новозаразени, 12 починати и 233 оздравени

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

1,260

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1, Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 233 оздравени пациенти од: Скопје-89, Куманово-6, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-13, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-14, Кавадарци-4, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-18, Крива Паланка-4, Радовиш-8, Кочани-25, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Неготино-1. Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85), еден од Куманово (59), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75), двајца од Велес (61 и 62), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76), еден од Струмица (66) и еден пациент од Свети Николе (69). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, бројката на оздравени пациенти е 17.905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069“, се вели во соопштението.






Направените 2.688 теста, наведено е таму, се преку: ИЈЗ-693, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-702, Биотек-253, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори) -245, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-32, ЦЈЗ Битола-161, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-96, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 226.612 тестирања на Ковид -19.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ ‘8 Септември‘ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на ковид-19“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини