64 отсто од младите кај нас поседуваат дигитални вештини, европскиот просек е 80 отсто

Хрватска со 97 проценти има најголем процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини меѓу земјите членки на ЕУ, по што следат Естонија, Литванија и Холандија – сите со по 93 отсто и Грција со 92 проценти.

302

Над 80 проценти од младите на возраст од 16 до 24 години во ЕУ во 2019 година имале основни или над основни дигитални вештини, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас 64 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години имале основни или над основни дигитални вештини.






Хрватска со 97 проценти има најголем процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини меѓу земјите членки на ЕУ, по што следат Естонија, Литванија и Холандија – сите со по 93 отсто и Грција со 92 проценти.

Од друга страна, најмал број на лица на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Романија – 56 проценти, Бугарија – 58 проценти, Италија – 65 проценти, Унгарија – 68 проценити и Латвија и Луксембург со по 75 проценти.

Процентот се намалува за 24 отсто, на 56 проценти меѓу лицата на возраст од 16 до 74 години.

Во регионот најмал процент на млади на возраст од 16 до 24 години со основни или над основните дигитални вештини има Бугарија – 58 проценти, додека Србија има 79 проценти. За Албанија и Косово нема податоци.

Поврзани содржини