📷 ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА СВРШЕНИЦАТА НА МИЛОШ БИКОВИЌ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ПОРОДИЛИШТЕ Ивана објави фотографија од семејниот дом

Свршеницата на српскиот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, ја сподели првата фотографија откако таа излезе од породилиште.

1,007

Свршеницата на српскиот актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, ја сподели првата фотографија откако таа излезе од породилиште.

Познатиот српски актер Милош Биковиќ на 9 јануари за првпат стана татко.






Неговата свршеница Ивана Малиќ на свет донесе момче кое неговите горди родители го крстија Василије, а актерот претходниот ден дошол во породилиште да ги земе. Семејството конечно е заедно, а новите родители уживаат во првите моменти со својот наследник.

Ивана досега не се огласуваше откако доби син, но сега тоа го направи на својот Инстаграм.

Новопечената мајка на својата инстаграм-приказна објави фотографија од гардеробата на бебето која нејзиниот син ја добил на подарок, додека новогодишната елка може да се види во позадината.

 

Инаку, името на наследникот не е случајно избрано. Двојката доби син во пресрет на Свети Василиј, а ден пред овој голем христијански празник актерот слави роденден.

Василије е роден четири дена пред роденденот на татко му, а актерот на Инстаграм истакна дека тоа му бил најубав подарок и благослов.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)


Инаку, Ивана вчера веќе се огласи на Инстаграм во форма на коментар под веста дека нејзиниот свршеник Милош, се приклучува на актерската екипа на хит серијата на ХБО „Белиот лотос“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини