🎥📷 63 ИМИЊА, 63 ЖИВОТИ ШТО НЕДОСТАСУВААТ Засекогаш ќе останат во нашите мисли, порача Мицкоски на годишнината од пожарот во Кочани

Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети, објави премиерот Мицкоски.

0

Загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

„63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање“, објави премиерот на Фејсбук.






Мицкоски сподели и видео од поменот за една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Денеска во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа. Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека бидат сила што ќе нè води напред. Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, објави премиерот Мицкоски.

 

Поврзани содржини