62% ОД МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ВЕРУВААТ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЌЕ ДОНЕСЕ ЕКОНОМСКИ РАСТ Пристапот до Единствениот европски пазар носи директни економски придобивки
Примерите од земји како Романија и Бугарија покажуваат дека по пристапувањето, економиите бележеле значителен раст и подобрување на животниот стандард.
Европската Унија сè повеќе се препознава како клучен економски двигател за македонската иднина.
Според најновото истражување „Балкански барометар 2025“ на Советот за регионална соработка (РЦЦ), 62 отсто од македонските граѓани сметаат дека членството во ЕУ ќе има позитивно влијание врз економијата. Овој податок ја одразува довербата дека европската интеграција не е само политичка цел, туку и конкретна можност за подобар животен стандард.
Искуствата на земјите што веќе станаа членки на Унијата покажуваат дека пристапот до Единствениот европски пазар носи директни економски придобивки. Бесцаринскиот пристап до еден од најголемите светски пазари ја зголемува трговијата, им овозможува на компаниите да се прошират и да станат поконкурентни, а истовремено создава поповолна деловна клима.
Стабилноста и предвидливоста што ги носи членството во ЕУ се силен магнет за странски директни инвестиции. Тие инвестиции се меѓу клучните фактори за економски раст, отворање нови работни места и зголемување на продуктивноста. Примерите од земји како Романија и Бугарија покажуваат дека по пристапувањето, економиите бележеле значителен раст и подобрување на животниот стандард.