608 пациенти се лекуваат од корона вирусот во болниците

240

Вкупно 608 пациенти се лекуваат од корона вирусот на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив 274 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а 334 во болниците низ земјата.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.






Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 6, а на Инфективната клиника 10. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19, на Институтот за ТБЦ 24, на Клиниката за нефрологија 18, на Клиниката за Гастроентерохепатологија 12 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 87 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, во Штип 37, Тетово 13, Велес 22, Куманово 45, Охрид 65, Прилеп 19, Гостивар 17, Струга 24, Струмица 18, Кочани 5, Кичево 12, Кавадарци 17, Гевгелија 2, Дебар 13.

Поврзани содржини