600 БЕБИЊА ДОБИЛЕ ФИЗИОЛОШКИ РАСТВОР НАМЕСТО БСЖ ВАКЦИНА Грешката ја направила сестра од белградската клиника

Директорот на ГАК „Народен фронт“ ѝ понудил оставка на министерката, но таа не била прифатена.

254

Наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во ГАК „Народен фронт во Белград, Србија, добија физиолошки раствор, соопшти новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ. Децата не се загрозени, вакцината ќе ја примат во наредниот период.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерката Грујичиќ одржа вонредна прес-конференција на која соопшти дека 600 бебиња на ГАК „Народен фронт во Белград наместо вакцина против БСЖ добиле физиолошки раствор.






Оваа вакцина на децата им се дава на возраст до 12 месеци.

Според Грујичиќ, грешката ја направила медицинска сестра. Директорот на ГАК „Народен фронт ѝ понудил оставка на министерката, но таа не била прифатена.

Министерката за здравство посочи и дека се назначени тројца лекари кои ќе се грижат правилно да се изврши вакцинацијата.

Поврзани содржини