Во последните 24 часа повеќе од 80 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа, а околу 500 до 600 Американци се уште не ја напуштиле палестинската енклава, соопшти Белата куќа.
– Знаеме дека досега извлековме околу 400 луѓе, што значи дека останаа уште околу 500 до 600 луѓе, вклучувајќи ги и нивните семејства таму – изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Конвој од илјадници палестински цивили денеска го напушти северниот дел на Газа барајќи засолниште од израелските воздушни напади и жестоките копнени борби меѓу израелските сили и милитантите на Хамас.