600 000 евра поддршка на факултети за лаборатории и истражувачка дејност

Парите одат кај: Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за прехранбена технологија и храна во Тетово и Технолошко-техничкиот факултет во Велес.

321

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 600.000 евра преку Програмата за рурален развој ќе ги поддржи четирите високо-образовни институции: Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за прехранбена технологија и храна во Тетово и Технолошко-техничкиот факултет во Велес.

Парите се наменети за опремување на лаборатории, за безбедноста на храна, за опрема за откривање тешки метали во храна, како и за обезбедување демонстративна опрема за студентите.






– Сите му се поклонуваат на царот, а царот му се поклонува на учителот – беше симболичната порака што ја упати министерот за земјоделство Арјанит Хоџа пред потпишувањето на меморандумите за соработка преку кои ќе се реализира финансиската поддршка за четирите факултети.

Според  Хоџа, клучно е  знаењето да стигне до секој земјоделец во државата. Сите земји со развиен агро сектор го должат тој развој на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на производителите.

Потписниците на меморандумите истакнаа дека поддршката од Министерството ќе ја искористат за нови научно-истражувачки проекти, но и за иницирање соработка со свои колеги на глобално и регионално ниво. Се планира размена на кадар и искуства.

Поврзани содржини