600.000 АМЕРИКАНЦИ ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ? Белата куќа ковa план за „црни денови“ во Израел и во Либан
Весникот цитира четири официјални лица во врска со оваа информација. Тие вели дека во планот се вклучени највисоките американски функционери, но тој е таен за да не се создаде паника кај американските граѓани.
Белата куќа, наводно, му наредила на Министерството за одбрана да започне со подготовка на планови за „најлошото сценарио“ на Блискиот Исток. „Вашингтон пост“доцна во понеделникот напиша дека тоа сценарио би значело дека ќе мора да се евакуираат 600.000 американски граѓани кои се во Израел и во Либан.
Весникот цитира четири официјални лица во врска со оваа информација. Тие вели дека во планот се вклучени највисоките американски функционери, но тој е таен за да не се создаде паника кај американските граѓани.
The White House has ordered the Department of Defense to begin preparing Contingency Plans for a “Worst Case Scenario” in the Middle East which could require the Evacuation of Hundreds of Thousands of U.S. Nationals from the Region with Significant Concern for the roughly 600,000… pic.twitter.com/OZaRVfHvhR
— OSINTdefender (@sentdefender) October 24, 2023
Во меѓувреме светот трепери пред можната копнена инвазија на Израел во Газа, која Израел ја најавува, а која може да предизвика одговор од околните муслимански земји и да ја прошири војната на Блискиот Исток.
Иако тврдењата изнесени на социјалната мрежа Икс не се официјално потврдени, познато е дека Стејт департментот веќе наредил евакуација на персоналот од американската амбасада во Ирак, а исто така го подигнале и нивото на предупредување за граѓаните на САД да не патуваат на Блискиот Исток под какви било околности.
Им било кажано дека може да бидат нападнати.