60-ГОДИШЕН МАЖ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ОРЕШЕ Телото е дадено на обдукција
Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се вели во полицискиот билтен.
Телото на 60-годишен маж било пронајдено во близина на неговата семејна куќа во селото Ореше во Чашка, информираше Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во велешката полиција на 8 април во 08:28 часот.
„Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во полицискиот билтен.
Велешката полиција потоа извршила увид на местото кајшто бил пронајден Т.М.