60 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ ЕУ ја ограничи цената на руската нафта

Ваквата мерка дополнително ќе ги ограничи финансиите на рускиот претседател Владимир Путин и ќе ги ограничи изворите на приходи што тој ги користи за финансирање на неговата брутална инвазија, истовремено избегнувајќи го нарушувањето на глобалното снабдување што би можело да ги зголеми цените на бензинот низ светот.

972

Земјите-членки на Г7 и Австралија вчера се договорија за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, пренесува Би-би-си.

Одлуката уследи откако земјите-членки на Европска Унија исто така постигнаа политички договор за ограничување на цената на руската нафта.






Г7 и Австралија најавија дека ограничувањето на цената ќе стапи во сила на 5 декември, истиот ден кога стапува во сила и европското ембарфо на руската нафта.

Целта на ограничуавње на цената, што е идеја на Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи порастот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на ЕУ на руска нафта на 5 декември.

Ваквата мерка дополнително ќе ги ограничи финансиите на рускиот претседател Владимир Путин и ќе ги ограничи изворите на приходи што тој ги користи за финансирање на неговата брутална инвазија, истовремено избегнувајќи го нарушувањето на глобалното снабдување што би можело да ги зголеми цените на бензинот низ светот.

Ограничувањето ќе им овозможи на земјите надвор од ЕУ да продолжат да увезуваат руска нафта, но ќе им забрани на транспортните и осигурителните компании да тргуваат со руска нафта ширум светот, освен ако не ја продава по цена под ограничувањето.

Поврзани содржини