6 НАЧИНИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА СИЛАТА ПО ПРЕЛЕЖАНА КОРОНА Внесувајте калории, протеини, сончајте се
Како и секоја болест, ковид-19 остава траги на телото и го исцрпува. За тоа постојат две главни причини. Недостаток на хранливи материи во текот на болеста и вирусот се голем стрес за телото кое се бори со сето тоа.
Недостатокот на хранливи материи во текот на болеста претставуваат голем стрес за телото кое се бори со вирусот.
Како и секоја болест, ковид-19 остава траги на телото и го исцрпува. За тоа постојат две главни причини. Недостаток на хранливи материи во текот на болеста и вирусот се голем стрес за телото кое се бори со сето тоа.
Еве неколку начини да се поврати силата по прележан ковид-19:
Калории
Јаглехидратите се гориво за нашето тело и после корона мора да бидеме внимателни и да внесуваме доволно калорична храна за да имаме доволно енергија. Во исхраната вклучете храна како сладок компир, интегрални житарки, течности и здрави масти. Јаглехидратите во овој случај се пријатели на организмот.
Протеини
Додека телото се бори против инфекција, мускулите исто така умираат, а протеините се основен материјал. Поради тоа по болеста би требало да се внесуваат многу протеини за стимулирање на растот на мускулите. Храна полна со протеини се јајцата, пилешкото, рибата.
Омега 3
Омега 3 масните киселини помагаат во намалување на воспаленијата во организмот, а во текот на инфекцијата со коронавирусот телото поминува низ повеќе воспалителни процеси. Суплементите омега 3 би било добро да се земаат два месеци по оздравувањето, а храна богата со овие масни киселини се чија семките, лешници, лосос, масло од соја.
Да се работи на здравјето на метаболизмот
Во текот на инфекцијата, микробиомот во дигестивниот систем се менува што предизвикува проблеми во метаболизмот. Вклучете пробиотици и пребиотици во својата исхрана.
Витамин Д
Витаминот Д е важен за повеќе од 800 процеси во телото, а на многу луѓе им недостасува. Се препорачува секојдневно да поминете 30 минути на сонце и ако мислите дека тоа не е доволно, консултирајте се со лекар за суплементи.
Хидратација
Важно е да бидете добро хидрирани бидејќи водата помага во подобра дистрибуција на хранливите материи во телото. Освен тоа, го стимулира потењето и мокрењето, предизвикувајќи го телото да ги излачува токсините.