6 МЕСЕЦИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА НЕСРЕЌАТА Тимот од судска медицина чека одобрение за учество во обукцијата
Јавните обвинители на двете земји сѐ уште го договараат учеството на македонските експерти во обдукцијата на телата на загинатите.
Бугарски експерти тврдат дека 6 месеци ќе трае истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а 7 се повредени, откако македонски автобус се запали на магистралниот пат Струма на потегот Софија – Благоевград.
Тие сметаат дека причините за несреќата ќе се кажат наскоро, но не и кои се виновниците.
Денеска продолжува и обдукцијата на телата на загинатите во несреќата. Од вчера во Софија е и тричлена македонска екипа предводена од директорот на Институтот за судска медицина Александар Стојков.
Според информациите на телевизија Телма на екипата утринава не ѝ е дозволен пристап, бидејќи немаат одобрување од баугарскиот државен обвинител. Обвинителите на дедвете земји треба да го договорат учеството на македоснките експерти во процесот на обдукција.