6 МАКЕДОНСКИ КИКБОКСЕРИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО Сениорите ќе се борат за медал во Абу Даби

Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан Илиоски.

34

Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби.

Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан Илиоски.






Пораз во борбата за влез во полуфиналето претрпе младиот Максим Митровски.

– Максим Митровски кој е најмлад со најмало искуство од нашите борци, здобивајќи се со повреда, но машки ја издржа борбата до крај не успеа да извојува победа на денешните квалификации против турскиот репрезентативец Сефа Сонмез – посочи македонскиот селектор Дејан Митровски.

Поврзани содржини