6 КУЌИ ГОРЕЛЕ, 6 ЛИЦА ВДИШАЛЕ ЧАД Малолетник бил повреден во пожарот кај Злокуќани

Исто така, Р.С.(69) и Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември, се вели во полицискиот билтен.

2,369

Пожарот на улица Скупи во Злокуќани на 13 јули опожарил 6 куќи, зафатил делови на уште 2 куќи, додека маололетник бил повреден, информираше полицијата во дневниот билтен. Вкупно 6 лица побарале помош од лекар поради вдишен чад.

„Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69) и Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“, информира денеска, 14 јули, Министерството за внатрешни работи.






Пожарот во полиција бил пријавен околу 20 часот. Го изгаснале пожарникари од бригадата од Скопје.

 

Поврзани содржини