6-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СО СИМПТОМИ НА НАСТИНКА ПОЧИНАЛО ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Роднините сметаат дека не било соодветно третирано
Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, починало во текот на примањето инфузија.
Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, објави Независен.
Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, починало во текот на примањето инфузија.
Роднините на семејството сметаат дека детето не било соодветно третирано.
Директорот на битолската клиничка болница, Александар Обедниковски, ја потврдил информацијата и изјавил дека во тек е обдукција за да се утврдат причините за смртта.