6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА БЕЛАТА ПАЛАТА Судот наложи да се заплени седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Според пресудата на судијката Даниела Алексовска Стојановска, договорите склучени за изградба на овој објект целосно се поништуваат, а седиштето и околу 30 партиски штаба се конфискуваат. Земјиштетото на кое е изградена зградата не е предмет на заплена.
Шест години затвор доби Никола Груевски за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, доби условна казна од 2 години во предметот „Талир 2“ во кој двајцата се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пресудата на судијката Даниела Алексовска Стојановска, договорите склучени за изградба на овој објект целосно се поништуваат, а седиштето и околу 30 партиски штаба се конфискуваат. Земјиштетото на кое е изградена зградата не е предмет на заплена.
Судијката истакна дека доказите укажуваат дека изградбата била сторена со договори спротивни на законот и дека само опремата во фитнес-центарот на седиштето чинела 65.000 евра.
Според неа, двајцата овозможиле правното лице „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во време кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе. Странките имаат право на жалба во рок од 15 дена по приемот на пресудата во писмена форма. На Груевски му се судеше во отсуство.