6,8 ОТСТО ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ ЗА СЕПТЕМВРИ Прво усогласување по новата методологија

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

90

Околу 330.000 пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.






Според новата Методологија, усогласувањето се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

Усогласувањетео ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите.

Министерството за труд и социјална политика денеска потсети дека ваквото решение односно воспоставувањето на новата методологија е направена низ дијалог со Сојузот на пензионери на Македонија и Партијата на пензионери.

 

Поврзани содржини