6.137 ФИРМИ И ГРАЃАНИ НЕ ГИ ПОДМИРИЛЕ ДАНОЦИТЕ И ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ Нивниот долг изнесува 202 милиони евра

Највисок е долгот за даноци и придонеси кој за периодот август – октомври изнесува околу  198 милиони евра, додека, пак, долгот за царински давачки изнесува 3,4 милиони евра.

303

Граѓаните и фирмите заедно должат  околу 202 милиони евра за неплатени придонеси, даноци царини и акцизи, покажува последната листа на должници на  Управата за јавни приходи (УЈП).

Највисок е долгот за даноци и придонеси кој за периодот август – октомври изнесува околу  198 милиони евра, додека, пак, долгот за царински давачки изнесува 3,4 милиони евра.






На листата има 2.049 фирми и 4.088 физички лица или 96 повеќе од претходната листа.

УЈП ги објавува должниците чиј долг е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Како и во претходните листи и на оваа се најдоа голем број државни и општински јавни претпријатија, а на листата се и компании кои со месеци не ги подмириле своите обврски кон граѓаните.

Поврзани содржини