6.000 бизниси од угостителството и туризмот утре излегуваат на улица
Туристичко-угостителската комора бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на владата, еднократна финансиска помош во вид на грант за сите и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка.
Повеќе од 6.000 бизниси од угостителската и туристичката дејност од утре почнуваат протести од пред Министерството за финансии бидејќи според нив владата недоволно и задоцнето ги субвенционира овие сектори кои не работат повеќе од една година. Протестите ќе траат се до исполнување на барањата на бизнисите од двата сектора.
Перица Голомеиќ од Туристичко-угостителската комора на Сојузот на стопански комори на денешната прес-конференција рече дека секторите се во исклучително тешка состојба и доколку итно не се обезбедат економски мерки за финансиска поддршка, целосно ќе бидат уништени.
– Се поголем број бизниси се затвораат, а вработените остануваат без извор на егзистенција во време накриза пандемија. Немаме време за чекање. Поддршката е потребна сега и веднаш за сите – рече Голомеиќ.
Туристичко-угостителската комора бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на владата, еднократна финансиска помош во вид на грант за сите и мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка.
За туристичкиот сектор се бара неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција со цел опстанок и ликвидност на компаниите за 2021 година, а ваучерите кои ќе се доделуваат од Владата за кампањата „Дома си е дома“, задолжително да се користат преку туристичките агенции, кои ќе можат во аранжманите да ги вклучат сите учесници од секторот туризам како хотели, категоризирани објекти за престој, превозници и за истото да може како помош да биде искористено од сите учесници во секторот.
Протестот го поддржуваат повеќе сектори кои се погодени од пандемијата.
Владата пак најави дека утре ќе соопшти детали од шестиот пакет, економски антикризни мерки кој е во подготовка.
Оваа, акако што рекоа од угостителско–туристичката комора не ги охрабрувам ногу бидејќи практиката покажа дека помошта секогаш доцни. Петтиот пакет на финансиска помош за компаниите и вработените допрва ќе се имплементира а се однесува на месеци кои веќе поминаа.