„5G“ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ХАОС Американските авиопревозници предупредуваат на воздухопловна криза

Федералната управа за авијација предупреди дека потенцијалното мешање може да влијае на чувствителните инструменти на авионите, како што се висинометрите и да влијае на операциите при слаба видливост.

756

Извршните директори на големите американски авиопревозници денеска предупредија на претстојна можна „катастрофална“ воздухопловна криза од среда кога „AT&T“ и „Verizon“ се подготвуваат да воведат нова 5G услуга.

Авиокомпаниите предупредија дека новата услуга „C-Band ќ би можела да предизвика голем број авиони неупотребливи и „може да заглави десетици илјади Американци во странство“.






Главните извршни директори на „American Airlines“, „Delta Air Lines Southwest Airlines“, „United Airlines“ и други напишаа:

„Доколку не им се дозволи на нашите авиокомпании да летаат, огромно мнозинство на патници и товари во суштина ќе бидат приземјени“.

Федералната управа за авијација предупреди дека потенцијалното мешање може да влијае на чувствителните инструменти на авионите, како што се висинометрите и да влијае на операциите при слаба видливост.

– Ова значи дека ден како вчерашниот, повеќе од 1.100 летови и 100.000 патници ќе доживеат откажување, пренасочување или доцнење – велат извршните директори.

Мора итно да се преземе акција додаваат тие во писмото во кое се потпишани и „UPS Airlines“, „Atlas Air“, „JetBlue Airways“ и „FedEx Express“.

– Да бидеме искрени, трговијата ќе престане – стои во реакцијата.

Авиокомпаниите бараат „5G“ да се имплементира насекаде во земјата, освен на приближно 2 милји (3,2 км) од аеродромските писти на клучни аеродроми.

Поврзани содржини