584 пациенти од корвид-19 се лекуваат во болниците
Според она што е соопштено, 262 лица се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и 320 во болниците низ земјата.
Според она што е соопштено, 262 лица се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и 320 во болниците низ земјата.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Во истиот период на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
На Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.