58,44% МАКЕДОНЦИ, 24,3% АЛБАНЦИ ИМА ВО ЗЕМЈАВА Објавени се бројките од пописот во Македонија
Државниот завод за статистика констатира дека во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, Албанци 24,3%, Турци 3,86%, Роми 2,53%, Срби 1,3%, Власи 0,47% и Бошњаци 0,8%. Нерезидентни се 260.606 граѓани, од кои 66,36% отсто се Албанци, 24,45% Македонци, 4,79% се Турци и 1,02% се Роми.
Во Македонија живеат вкупно 1.836.713 жители, согласно бројките добиени од одржаниот попис во 2021 година.
Државниот завод за статистика констатира дека во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, Албанци 24,3%, Турци 3,86%, Роми 2,53%, Срби 1,3%, Власи 0,47% и Бошњаци 0,8%. Нерезидентни се 260.606 граѓани, од кои 66,36% отсто се Албанци, 24,45% Македонци, 4, 79% се Турци и 1,02% се Роми. Вкупната бројка на резидентно и нерезидентно население изнесува 2.097.317.

– Со гордост можам да истакнам дека успешно е спроведен пописот. Тимот покажа дека може, дека знае и дека умее. Ако во претходните пописи беа потребни две години, сега ги надминавме сите предвидувања и ги објавуваме податоците за само 6 месеци – изјави директорот на ДСЗ, Апостол Симовски.
Пописот покажал дека бројот на домаќинства во земјава е 598.632. Бројот на жители во Скопје изнесува 526.503 и е зголемен за 3,9 отсто од пописот во 2002 година. Во Скопје има 213.850 станови. Вкупното население во Македонија е намалено за 185,834 лица или за 9,2 проценти во однос на претходниот попис.
Просечната возраст на населението изнесува 40,08 години. Бројот на мажи на 1000 жени е намален на 984,3.