56 ЕВРА ЗА МЕГАВАТЧАС ЌЕ ПЛАЌА ЕВН ЗА СТРУЈАТА ОД ЕСМ ПО НОВА ГОДИНА Колкаво зголемување на цената ќе има за домаќинствата?
До крајот на годината Регулатроната комисија за енергетика треба да одлучи ца цената на струјата на секоја од тарифите.
АД ЕСМ на последниот тендер за набавка на струја за следните шест месеци ѝ понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
Од ЕВН Хоме соопштија дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ.
„Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас“, стои во соопштението.
За крајната цена на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика која треба да ги им предвид и сите влезни параметри: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.
Најголемо учество во крајната цена за протрошувачите има цената на струјата која ја понудува ЕСМ.
Владата ја коригирра стапката на ДДВ за струјата на 10 отсто за периодот од јануари до јуни. досега повластената стапка изнесуваше 5 отсто.
Вчера премиерот Димитар Ковачевски и гереналниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски рекоа дека ќе има миниммално зголемување на цената на зтрујата, а за првите две тарифи ќе има и намалување на цената.
Која ќе биде крајната цена за потрошувачите ќе се знае пред Нова година.