55% ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ САКААТ ПОВТОРНО ДА ИНВЕСТИРААТ ВО ЗЕМЈАВА Мицкоски е задоволен од ставот на инвеститорите за бизнис климата во земјава

Мицкоски по средбата изјави дека за владата странските инвеститори се исклучително важни се разбира исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија.

53

Актуелната состојба со војната на Блискиот Исток и проблемите што ги имаат странските инвеститори во земјава поврзани со недостигот на работната сила, царинските стапки, минималната плата како и адаптирањето и олеснувањето на работните дозволи за странци за доаѓање на менаџери од странство во земјава се дел од темите за кои разговарале денеска странските инвеститори организирани во Советот за странски инвестиори и премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо рече дека премиерот го запознале со анкетата спроведена меѓу странските инвеститори кои ќе бидат подоцна и јавно објавени.






Тој обелодени дека анкетата покажува дека 55% од инвеститорите рекле дека се подготвени да реинвестираат во земјава.

Мизо рече и дека на состанокот станало збор и за намалување за 50 отсто на царинските стапки што се очекува од 1 јули годинава.

-Педесет и пет проценти од компаниите дадода афирмативна одлука за реинвестирање во државата што е зголемување за 13 процентни поени од анкетата во 2024 година. Разговаравме и за останатите отворени прашања како дополнителното намалување за 50 отсто на царинските стапки што ќе се направи од 1 јули годинава, а тоа значи дека ќе имаме целосна хармонизација и поголема конкурентност на нашето производство тука и на исто ниво со конкурентноста во земјите на ЕУ – рече тој.

Во анкетата учествувале 47 компании со 40.000 вработени.

Мизо рече и дека војната на Блискиот Исток покрај со цената на нафтата, ќе се одрази и на зголемување на цените на транспортот и на репроматеријалите кои доаѓаат од Азија и од Блискиот Исток, а забавениот транспорт ќе влијае и на фирмите мајки на македонските странски инвестиции.

Според него, во моментот не може да се каже како сето тоа ќе се одрази врз инвеститорите, но рече дека нова блокада на превозниците од Западен Балкан би била многу штетна  автомобилската индустрија во Европа.

Мицкоски по средбата изјави дека за владата странските инвеститори се исклучително важни се разбира, додаде,  исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада и сите оние атрибути кои се составен дел во таа борба за што подобра економија.

-Чувствуваме дека полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици. Се разбира предизвиците нема да сопрат, тие ќе продолжат но ние се обидуваме да ги антиципираме и да наоѓаме решенија за тие предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен толку станува државата посилна затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, а се разбира со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати и т.н.- рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека владата ќе ги анализира критиките и аргументите на странските инвеститори

-Задоволен сум од фактот што е двоцифрен растот на процент на оние компании коишто се задоволни од бизнис климата и дека се подготвени да ја прошират својата инвестиција во земјата, се разбира дека ќе имаме предизвици, но ние како Влада тука сме, мотивирани сме и сакаме да ги решаваме тие предизвици како што тоа го правиме многу пати во минатото така и во иднина ќе се бориме за секоја инвестиција, за секое евро вложено во земјата затоа што цениме дека со секое евро вложено во земјата, со секој денар вложен во земјата ние ќе имаме побогата и постабилна земја, а тоа значи дека имотот на нашите граѓани и бизнисите на бизнисмените повеќе ќе вредат – рече Мицкоски.

Следниот квартален состанок на премиерот со странските инвеститори во земјава ќе биде се одржи во средината на јуни.

Поврзани содржини