📽️ 55 ДЕЦА ЕВАКУИРАНИ ОД КАМП ВО ГРЦИЈА Пожарот се движи кон планината Вунаса, огнот надвор од контрола
Пожарот што беснее кај Дескати предизвика итна евакуација на камп со 55 деца. Огнот сè уште е активен и се движи кон планината Вунаса, но властите се надеваат дека ќе го стават под контрола наскоро.
Паника во западниот дел на Грција, пожар се движи кон планината Вунаса, а 55 деца вчера мораа итно да бидат евакуирани од летен камп. Властите преземаа мерки на претпазливост откако силниот оган почна да се шири во правец од Дескати кон Гревена, објави државната телевизија ЕРТ, а веста ја пренесе и „Protothema.gr“.
Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, потврди дека децата се префрлени на безбедно, нагласувајќи дека евакуацијата е превентивна. Тој ја опиша ситуацијата како тешка, бидејќи пожарот се шири и е надвор од контрола. Сепак, изрази оптимизам дека огнената стихија ќе биде ставена под контрола наскоро.
Φωτιά στη Δεσκάτη Γρεβενών – Εκκενώθηκε κατασκήνωση με 55 παιδιά, ενισχύθηκαν οι δυνάμεις https://t.co/NZrk6lx2AW
— Protothema.gr (@protothema) July 29, 2025
На теренот се ангажирани 45 пожарникари со 11 возила, како и три планински единици од 8-та специјализирана единица за итни случаи (Е.М.О.Д.Е.). Помош од воздух пристигнал преку два хеликоптери, додека локалните власти и доброволци со цистерни за вода активно биле вклучени во гаснењето.
Засега не постои директна закана по населени места, но локалните жители се предупредени да бидат подготвени во случај на нова евакуација. Областа каде што се развива пожарот се наоѓа западно од градот Катерини, и има густ шумски појас, што ја отежнува интервенцијата.