Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до сега апликацијата „Стоп корона“ ја инсталирале 55.000 граѓани.
– Зголеменото време на движење на граѓаните и со тоа на луѓе со кои се контактира во денот е ситуација во која апликацијата „Стопкорона“ е важна. Користењето на апкликацијата многу ќе им олесни на епидемиолозите за следење на контактите и за тие за кои не сме свесни. Оваа апликација е сериозна алатка во рацете на медицинските работници заради тоа што може да овозможи прекинување на синџирот на пренос на вирусот, полесно следење, навремено започнување на терапија и изолација на лицата кои се идентификувани како контакти. Важноста на апликацијата ја потврди и Европската комисија. Кај нас апликацијата ја имаат инсталирано 55.000 граѓани – рече Филипче.
Тој најави дека ќе спроведат акција преку матичните лекари и стоматолози за што повеќе граѓани да ја инсталираат апликацијата.