Вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, И.А.(31) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 54 – годишната Х.Р. од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР.