54-ГОДИШЕН МАЖ СИЛУВАЛ ТИНЕЈЏЕРКА Наводно, претходно биле во љубовна врска

При претрес во неговиот стан во Гостивар полицијата пронашла остатоци од бела прашкаста материја.

1,156

Maж на 54-годишна возраст, жител на полошкиот регион, силувал 19-годишна девојка, со која претходно бил во љубовна врска, известија од МВР.

– Вечерта на 5. јули полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот Ф. Т. од Неготино, Полошко. Тој претходно бил пријавен од 19-годишна жителка на гостиварско село, со која претходно биле во љубовна врска, дека во стан во Гостивар ѝ извршил обљуба – соопшти полицијата.






При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла остатоци од бела прашеста материја.

Против лицето ќе следи соодветен поднесок од страна на МВР.

Поврзани содржини