53. ИЗЛОЖБА НА ОСТЕН Скопје повторно е центар на светската карикатура

По овој повод, во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија...

648

Денеска во 19 часот во галерија „Остен“ се отвора 53. изложба на Светската галерија на карикатури Скопје 2021 на која ќе бидат изложени карикатурите од селектираните и наградените карикатуристи.

По овој повод, во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија…






Специјални гости на настанот се карикатуристи – финалисти на Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа во тек…“, кој Остен“ го организираше во партнерство со Гете-институтот Скопје.

Во рамките на активностите предвидени со Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа бо тек…“ деновиве се одвиваат и други програмски активности, како што се тридневна креативна работилница за млади карикатуристи од регионот на која предавач е Лук Десхимакер од Белгија, а утре од 19 часот во Куќата на Европа (Делегација на ЕУ во Скопје) ќе се одржи и панел дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“.

Панел дискусијата е од отворен карактер, со почитување на сите протоколи за организирање на јавен настан.

Поврзани содржини