52-ГОДИШЕН ВОЗАЧ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА Со возилото излетал од патот Демир Хисар-Кичево
Возачот Љ.Б.(52) од селото Жван вчера околу пладне излетал со возило „фиат“ од патот и загинал на лице место, соопшти полицијата.
Возач на возраст од 52 години вчера загина во тешка сообраќајна несреќа, соопшти полицијата.
„На 5.3.2026 година во 12:19 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано Крбла, атар на селото Сопотница, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од селото Жван, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти полицијата.
Неговиот сопатник Д.Г.(59) од селото Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, се додава во соопштението.
По насоки на јавен обвинител телото на загинатиот е предадено на обдукција.