500 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ Роналдо го собори рекордот и стана најследената личност на Инстаграм
Бројот на следбеници на Роналдо се зголеми по легендарната фотографија со Меси како игра шах на куфер на луксузниот бренд „Луј Витон“.
Фудбалерот Кристијано Роналдо (37) стана првиот човек кој собра 500 милиони следбеници на Инстаграм и со тоа стана најследената личност на таа социјална мрежа.
Неговиот фудбалски колега Лионел Меси има 124 милиони следбеници помалку од Роналдо, вкупно 376 милиони, а на третото место е ријалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер со 372 милиони следбеници.
Бројот на следбеници на Роналдо се зголеми по легендарната фотографија со Меси како игра шах на куфер на луксузниот бренд „Луј Витон“.
View this post on Instagram
Кристијано Роналдо заработува многу пари од Инстаграм, според проценките околу 2,3 милиони долари по спонзорирана објава.