500.000 ЕВРА ЗА ПОБЕДА ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА Премиерот ги испрати фудбалерите во Порто
Шампиони, вие сте за нас секако победници и гордост на сите нас. Веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што може да направиме е да издвоиме за вас награда од 500.000 евра ако се пласирате на Светско првенство, изјави Ковачевски.
Македонската фудбалска репрезентација полета за Порто каде во вторник ќе го одигра финалниот натпревар од ждрепката за пласман на Светското првенство во Катар против фаворизираната Португалија.
„Црвено-жолтите“ на патувањето ги испрати Премиерот Димитар Ковачевски и им вети премија од 500 илјади евра за победа над Португалците и пласман на Мундијалот во Катар.
– Шампиони, вие сте за нас секако победници и гордост на сите нас. Веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што може да направиме е да издвоиме за вас награда од 500.000 евра ако се пласирате на Светско првенство – изјави Ковачевски.