500% ЦАРИНИ ОД ТРАМП, НОВ ПРИТИСОК ЗА СРБИЈА Последиците Белград ќе ги почувствува оваа зима?
Предлог-законот што го претставија сенаторите Линдзи Греем и Ричард Блументал предвидува царина од 500 % на сите секундарни купувања и препродажби на руска нафта. Документот веќе има поддршка од 85 сенатори и се смета за најстрога економска мерка во последната деценија.
Србија се соочува со еден од најтешките економски удари во последните години, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 500 % за сите земји што тргуваат со Русија.
Новата мерка, според аналитичарите, може сериозно да го наруши увозно-извозниот баланс на Белград и да ја стави српската економија под невиден притисок.
Американскиот претседател Доналд Трамп објасни дека санкциите се дел од поширока стратегија за запирање на финансирањето на „Путиновата војна во Украина“.
– Чув дека го прават тоа, и тоа е во ред за мене. Можеби ќе го додадеме и Иран, јас тоа го предложив – изјави Трамп во неделата.
Предлог-законот што го претставија сенаторите Линдзи Греем и Ричард Блументал предвидува царина од 500 % на сите секундарни купувања и препродажби на руска нафта. Документот веќе има поддршка од 85 сенатори и се смета за најстрога економска мерка во последната деценија.
Меѓутоа, последиците нема да ги почувствуваат само големите економии како Кина и Индија, туку и Србија, која останува еден од малкуте европски партнери што одржуваат трговска соработка со Москва.
Понатаму, се очекува ваквите санкции да го влошат и прашањето околу Нафтната индустрија на Србија (НИС), по одбивањето на американскиот предлог за реструктурирање на компанијата. За сега, Белград не објави официјална реакција, но економистите предупредуваат дека ударот може да се почувствува веќе до крајот на годината.