500.000 ДОМОРОДЦИ ПОЧИНАЛЕ ВО ОПИОИДНАТА КРИЗА ВО САД Џонсон и Џонсон меѓу компаниите што ќе плаќаат отштета

Во тужбата учествуваа повеќе од 400 племиња и организации, кои застапуваат околу 80 отсто од граѓаните кои припаѓаат на домородните племиња, но, како што истакнува весникот, сите признаени племиња во САД ќе имаат право да примат пари од отштетата.

629

Стотици индијански племиња, кои имаа несразмерно висока стапка на зависност и смртност за време на опиоидната криза во САД, договорија рамковна спогодба за отштета со компании за производство и дистрибуција на лекови во вредност од околу 590 милиони долари.

Освен големата парична вредност, спогодбата може да се запамети и по тоа што 574 домородни племиња се признаени како посебен субјект во тужбата, пренесува Радио Слободна Европа.






Индијанските племиња постигнаа договор со Џонсон и Џонсон (J&J) и трите најголеми американски компании за дистрибуција на лекови поради епидемијата на зависност и предозирање со опиоиди, пишува Тајмс.

Во тужбата учествуваа повеќе од 400 племиња и организации, кои застапуваат околу 80 отсто од граѓаните кои припаѓаат на домородните племиња, но, како што истакнува весникот, сите признаени племиња во САД ќе имаат право да примат пари од отштетата.

Претставниците на племињата тврдат дека средствата ќе бидат насочени кон програми за лекување и превенција од зависности.

Џонсон и Џонсон и дистрибутерите McEson, Amerisors Bergen и Cardinal Health минатата година понудија да платат 26 милијарди долари за подмирување на слични побарувања од државите и локалните власти.

Поради кризата со опиоди, која, нагласува весникот, е поврзана со повеќе од 500.000 смртни случаи во САД во две децении, до сега се постигнати спогодби и парични казни во вредност од околу 40 милијарди долари за американските компании.

Според договорот објавен на 1 февруари, средствата на племињата ќе им се исплаќаат побрзо од сојузните држави, истакнува Волстрит џурнал, додавајќи дека во илјадници судски процеси, државата, локалните власти и домородните племиња тврделе дека фармацевтската индустрија одиграла значајна улога во поттикнувањето на епидемијата на опиоиди.

Компанијата Џонсон и Џонсон, која наведува дека спогодбата не е признавањена вина, се согласи да им плати на племињата 150 милиони долари во текот на две години, во споредба со до пет милијарди долари на државите за девет години.

Дистрибутерите на лекови ќе платат повеќе од 439,9 милиони долари во текот на седум години. Тоа, додава американскиот весник, е одвоено од спогодбата од 75 милиони долари постигната меѓу дистрибутерите и народот Чироки.

Според анализата на „Вашингтон пост“, од 2006 до 2014 година, домородните Американци имале речиси 50 проценти поголема веројатност да умрат од предозирање со опиоиди отколку оние што не биле староседелци.

Племињата тврдат дека биле преплавени со лекови против болки кои предизвикуваат голема зависност, произведени од Џонсон и Џонсон и испорачани од дистрибутерите и покрај јасните знаци на злоупотреба и смрт. Компаниите ја негираат нивната вина, тврдејќи дека ги почитувале федералните закони за лекови.

Доколку мнозинството домородни племиња го потпишат договорот, тоа ќе биде значително не само по висината, туку и по признавањето на вкупно 574 племиња како посебен парничен субјект, истакнува Њујорк Тајмс.

Договорот, најавен во Окружниот суд во Кливленд, седиште на спорот за опиоиди во САД, ќе може да се реализира откако ќе биде потпишан од големо мнозинство племиња кои ја поднеле тужбата, по што парите ќе бидат доделени на сите племиња.

Поврзани содржини