50 ВАУЧЕРИ ЗА ПАТУВАЊЕ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ФЛЕКС КРЕДИТ Признание за трудот, посветеноста и за постигнатите резултати
Флекс кредит додели речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година.
Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.
Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени.
Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедат дополнителна мотивација, но и да поттикнат баланс помеѓу работата и личниот живот на вработените. Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија на компанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се цени индивидуалниот и тимскиот придонес.
Флекс кредит, со над 400 вработени, е еден од најголемите работодавачи во својата дејност во Македонија. Континуирано инвестира во развој на човечки ресурси преку различни програми за наградување, унапредување и обуки, со што создава услови за професионален и личен раст на секој вработен.