50-ТИНА УЧИЛИШТА ЌЕ ДОБИЈАТ ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ Министерството за образование потпиша договор за неповратен грант

Министерката за образование информираше дека училиштата се веќе мапирани и дека е обезбедена потребната документација, како и согласности од ЕВН за поставување на системите со кои, како што рече, училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија.

443

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија основното училиште „Партенија Зографски“ каде во тек е поставување на фотоволтаичен систем. Станува збор за инвестиција која се реализира во рамки на проект за подобрување на енергетската ефикасност на училишта на територијата на Кисела Вода, Карпош и Зелениково, кој е финансиран од Владата, а го спроведува Центарот за развој на скопскиот плански регион.

– Ова не е единствена инвестиција на Владата во подобрување на енергетската ефикасност во образованието. Министерството за образование и наука потпиша договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој на Советот на Европа, со кој, во 50-тина училишта во Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи – рече Јаневска.






Министерката информираше дека училиштата се веќе мапирани и дека е обезбедена потребната документација, како и согласности од ЕВН за поставување на системите со кои, како што рече, училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија.

– Унапредувањето на енергетската ефикасност на училишните објекти треба да биде заеднички приоритет на централната и локалните власти. Важно е затоа што значи придонес кон заштита на животната средина што е глобален предизвик во чие надминување сите имаме одговорност да учествуваме. Исто така, значи и заштеди на буџетски средства кои можат да се искористат понатаму за други цели и подобрување на други општествени аспекти – рече Јаневска, додавајќи дека таканаречените зелени инвестиции во минатото недостасувале во општеството и дека тоа повеќе не смее да биде така.

Поврзани содржини